Британецот Енди Мареј вечерва беше подобар од Јижи Јанович со 3-1 по сетови (6:7, 6:4, 6:4 и 6:3) и доби нова шанса да стане првиот домашен тенисер по Фред Пери во 1936-та година, кој успеал да го подигне најпрестижниот трофеј во светот на тенисот, на тенискиот гранслем, Вимблдон.
Мареј на почетокот на мечот не одигра баш најдобро и го загуби првиот сет. Во вториот и третиот сет, домашниот фаворит успеа да освои по еден сервис на противникот и да дојде до идентични 6:4, но Британецот беше далеку посконцентриран во четвртиот сет и понесен од домашната публика дојде до победа од 6:3.
За Јанович ова е најголем успех во кариерата, а тој е првиот полски тенисер што играл полуфинале на Вимблдон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.