Во текот на ова попладне и вечерва на повеќе места ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поголема нестабилност ќе има во југозападните и во јужните предели на државава каде локално се можни ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси проследени со електрични празнења и услови за појава на град.
Променливото време со повремени локални врнежи од дожд ќе продолжи и утре (вторник).
Локално особено попладнето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално повторно се можни ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси.
Останува релативно посвежо време особено наутро и навечер.
Да напоменеме дека локално можно е да наврне позначително количество на воден талог кое може да услови локални поројни поплави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.