Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека ставот на Владата е дека нема да има никаква толеранција за било каков обид за загрозување на слободата на говор и изразување, додавајќи дека Министерството ќе обезбеди максимални услови за непречена работа на новинарите и дека секој напад врз нив ќе биде најостро осуден и санкциониран.
Полицаец нападна новинар: Што снимаш, бе ти, со телефонот, дај го ваму (ВИДЕО)
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, истакна дека примарно, за секое деморкатско општество, е непречено работење на медиумите.
–За жал, во последните неколку години бевме сведоци на бројни напади и притисоци врз новинари. Нема никакво оправдување за ваквите напади. Ставот на владата е јасен и постојано го повторуваме, а тоа е нула толеранција за каков било обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето, рече Спасовски.
Од 1 јуни 2017 година до денес регистрирани се 12 случаи во кои е загрозена безбедноста на новинарите и сите се расчистени од страна на МВР, тврди Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)