| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ влезе во финалето на Вимболдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ в недела ќе го игра своето второ финале на Грен Слем „Вимблдон“ откаго го совлада Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 3-2 во сетови

Novak Djokovic

Во првиот сет Ѓоковиќ го доби 12.от гем кога и направи брејк на сервис на противникот и го доби сетот со 7:5. Во следниот сет при 3:2 во гемови за Србинот, тој не искористи четири брејк топки, а потоа Дел Потро направи брејк во следниот гем за водство од 4:3 и го доби сетот со 6:4.

Аргентинскиот тенисер во третиот сет спаси три сет топки при 6:5 за Ѓоковиќ, но Ѓоковиќ беше поуспешен во тај-брекот кој заврши со 7:2 во негова корист за водство од 2-1 во сетови.

И во четвртиот сет решаваше тај-брекот. Дел Потро спаси две меч топки, а потоа го доби тај брекот со 8:6.
Во решавачкиот петти сет Ѓоковиќ направи брејк во осмиот гем и поведе со 5:3, за потоа да го искористи и својот сервис за конечна победа.

Овој полуфинален меч помеѓу Ѓоковиќ и Потро траеше нешто помалку од 5 часа и со тоа стана најдолг во полуфиналната историја на Вимблдон надминувајќи го рекордот на Борис Бекер со Иван Лендл во 1989 кој траеше четири часа и една минута.

httpv://www.youtube.com/watch?v=UeQXfCHQIAY

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top