| четврток, 6 декември 2018 |

Апасиев: Учествував на сите протести на „шарените“, но не се сеќавам на солзавци и шок-бомби!?

Универзитетскиот професор и член на Левица, Димитар Апасиев вели дека учествувал на сите протести на Шарената револуција, но оти не се сеќава на солзавци и шок бомби. Потенцира дека прекумерната употреба на сила од страна на полицијата не е одлика на една демократска држава.

-Прекумерната употреба на сила од страна на специјалната полиција не е одлика на една демократска држава! Учествував на сите протести на Шарената револуција во време на „груевизмот“, но не се сеќавам на СОЛЗАВЦИ и ШОК-БОМБИ!? Министерство за внатрешни работи се слушаме?, напиша Апасиев на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top