| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски го поведе народот во Битола (ФОТО+ВИДЕО)

Над 20 илјади граѓани се собраа денеска во Битола на маршот организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ против промена на уставното име на Република Македонија.

Огромен број симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, но и граѓани кои силно се противат на политиките на актиелната власт му се приклучија на раководството на ВМРО-ДПМНЕ во протестниот марш во Битола по потпишувањето на капитулантскиот договор со Грција од пред неколку часа.

Маршот го предводеше претседателот на партијата, Христјан Мицкоски.

Од спортската сала, преку Широк сокак па до Домот на културата се одржува протестот на македонската опозиција која го предводи отпорот против менувањето на уставното име на Република Македонија.

-Државата оди во неповрат, и ќе породолжи да оди со ваква власт и нема да биде подобро, затоа што освен овој договор, и ништо друго нефукционира. Економија, здравство, образование, а промената што сакате да ја видите во државата почнува од секој од вас, од вашиот став и размислување и вашата сила е поголема од секоја друга.

И после потпишувањето на договорот граѓаните ќе продолжат да живеат лошо.

Македонија пребродила во својата историја многу Заевци, ќе го надмине и овој. Но неговиот срам ќе остане!, повика  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го поведе протестот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top