Шефали Сод одлучила да ги промени навиките во пиењето вода за да види какви последици тоа ќе има на нејзиниот живот. Десет дена пиела по четири и пол литри вода дневно и тоа искуство го споделила со читателите на „Тајмс оф Индија“.
Според стручњаците, секое лице би требало да пие по еден литар вода на секои 15. килограми тежина, што за Шефали значело дека мора да пие по 4,3 литри, што одлучил да го зокружи на 4,5 литри. Многу бргу почнала да чувствува позитивни последици за своето здравје.
Вели дека се чувствувала многу полесно и покрај тоа што пиела многу повеќе од порано. Исто така, вели дека чувствувала дека телото и е многу поактивно и дека имала повеќе енергија.
– Набргу почнав да имам потреба од токму толку вода. Прво чувствував дека на сила ја пијам сета таа вода, но после два дена устата би ми се исушила ако не пиев толку вода – вели таа.
Урината ми стана многу бистра, но морав секој час да одам во тоалет. Особено наутро – тврди жената.
Она што најмногу ја изненадило е зголемувањето на сексуалната желба. Освен тоа, кожата и се подобрила, а варењето и се забрзало, што влијело на нејзиниот изглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.