Во договорот во Став 3 од членот 8 се вели дека нема да се употребуваат во никој начин и во ниедна форма симболите означени на поранешното македонско национално знаме. За шест месеци од стапување во сила на овој договор, втората држава ќе ги тргне симболите означени од сите јавни локации и сите јавни употреби на својата територија. Силјаноска вели дека со овој член, Грција директно се меша во внатрешните работи во Македонија.

-Е, ова е мешање во внатрешните работи во една земја која што согласно на членот на самоопределување, не само што има право да си ги избере и затоа Грција и не оспорува, химна, знаме, грб, туку оспорува се што е во јавниот простор, рече Силјаноска – Давкова.