| четврток, 6 декември 2018 |

Во Вест Бромвич Албион, Анелка ја завршува кариерата

Во Вест Бромвич Албион ќе ја завршам фудбалската кариера, вели Николас Анелка, поранешнито француски репрезентативец. Тој потпиша едногодишен договор со тимот од Бирмингем и веројатно ќе игра со нашиот Горан Попов, кој според сите најави ќе продолжи да настапува за ВБА.

„Среќен сум што потпишав за ВБА и верувам дека тоа е клубот во кој ќе ја завршам фудбалската кариера. Мислам дека ова е вистинската средина за мене“, изјави Анелка. Тој смени дузина клубови, а блескаше во Арсенал.  Во Лондон дојде како тинејџер од ПСЖ, а потоа настапуваше и за Реал Мадрид, повторно за ПСЖ, па за Ливерпул, Манчестер сити, Фенербахче, Болтон, Челси, Шангај и за Јувентус. Ова ќе му биде 11-ти трансфер и 11-ти клуб за кој ќе игра во богатата кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top