| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го доби кракот од гасоводот „Јужен тек“

juzen potok

Руската и македонската влада ја подготвија меѓувладината согласност за соработка во изградбата на крак од гасоводот „Јужен тек“ во Македонија. Ова е објавено на интернет-страницата на Владата на Руската Федерација, пренесува руската агенција ИТАР ТАСС.

Според договорот, предвидено е формирање заедничка компанија во која „Газпром“ и државната македонска компанија ќе имаат по 50 отсто од уделите. Во оваа компанија право на акции ќе имаат и други компании во согласност со нивните удели. Конкретните податоци за капацитетот, количествата на испорака на гас, условите и роковите ќе ги усогласуваат „Газпром“ и македонската државна компанија.

Македонија е заинтересирана за проширување на снабдувањето со гас за зголемување на енергетската безбедност, пишуваат руските медиуми.

Според договорот, Македонија се обврзува да не поставува никакви ограничувања во однос на идните руските инвестиции во Македонија.

Јужниот поток е нов гасовод за Европа, кој ја заобиколува Украина , а вкупната должина е 2.446 километри од кои 900 одат под Црно Море. Капацитетот на гасоводот ќе биде 63 милијарди кубни метри гас годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top