| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас: Решението дојде ненадејно, постигнат е договор, Заев прифати сѐ

Ненадејно дојде решението, ги разбирам тешкотиите кои се присутни по медиумите, веста е добра, постигнавме договор за прашање кое со години нѐ загрижуваше поради разликата со името, Зоран Заев прифати сѐ – изјави Алексис Ципрас, премиерот на Грција кој денеска телефонски разговараше со Заев околу договорот за спорот со името.

Според Ципрас, решението ги опфаќа сите услови поставени од страна на грчката страна.

– Националните црвени линии изминативе две децении се зачувани. Решението е ерга омнес, ќе има и уставни промени. Најважно, имаме договор кој предвидува промени на Уставот надвор од името и ирационални референци. Уште поважно, заштитено е историски наследство и наследство на античка Македонија, кое во минатото се обидоа да го присвојат. Договорот предвидува, позитивни случувања, ќе влезе во сила, откако другата страна ќе исполни два услови. Поради тоа ова е добар договор, кој креира позитивен развој за регионот, и сега треба да биде имплементиран од страна на соседите. Вие сте првите кои ги информирам, по лидерите и г-дин Буцис, ќе се одржи посебен состанок за да се информира парламентот задолжена за постигнување на договорот, што е важен историски чекор – изјави Ципрас.
Потоа, премиерот ќе му се обрати на грчкиот народ за деталите од договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top