| четврток, 6 декември 2018 |

Протест пред МВР: 35 кадети ја завршиле обуката, но останале без работа, министерот никаде го нема!

-Ниту бевме последни на листата ниту пак ни фалеа бодови но сепак ние 35 полицајци, припадници на класата 2017/2018 година не сме повикани да потпишеме договор за работа – изјави денеска Дарко Петковски на протестот што се одржа пред Министерството за внатрешни работи.

-Ни кажаа дека сите 609 полицајци кои што ја завршивме обуката на почетокот на јуни годинава ќе потпишеме договор. Но во МВР беа повикани само 560 од нив. Очигледно самоволието стана пракса во МВР – рече Петковски.

Незадоволните полицајци побарале средба со министерот Оливер Спасовски но како што тврдат два пати биле упатени да закажат средба на два различни телефонски броеви на кои никој не се јавувал.

-Десет дена сме овде и се’ уште чекаме одговор. Не знеме зошто сме одбиени и затоа решивме да се обратиме преку медиумите. Имавме контакт со двата полициски синдикати но решивме прво самостојно да делуваме а за понатака ќе видиме- вели Петковски.

Тој уште кажа дека се’ уште немаат план што ќе преземат во иднина доколку МВР не ги повика да потпишат договор за работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top