Вашингтон визардс направија вистинска магија во дуелот против ланскиот финалист во НБА, Оклахома тандер, и славеа со 101-99 со што ја прекинаа низата од 6 порази. Бредли Бил го постигна победничкиот кош за тимот со најлош биланс во лигата, на точно 0,3 секунди до крајот. За Вашингтон не настапија двајцата најдобри стрелци Џордан Крафорд и Нене Иларио . Бил и Мартел Вебстер одлично го надополнија нивното отсуство со по 22 поени, а Кевин Серафин даде 19 поени. Гостите од Оклахома ги имаа најдобрите двајца стрелци на дуелот, но сепак загубија. Кевин Дурант забележа 29 поени, а Серж Ибака постигна 3 помалку.
Вечерта на сензации ја комплетира Њу Орлеанс со триумф против Сан Антонио од 95-88. Њу Орлеанс е тим со втор најлош учинок во НБА со скор 9-25. Во останатите натпревари Бостон нагости го победи Њујорк со 102-96, Јута беше подобра од Далас со 100-94, Мемфис го декласира Сакраменто со 113-81, Чикаго славеше против Кливленд со 118-92, а во најефикасниот меч по едно продолжение Портланд беше подобар од Орландо со 125-119.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.