| четврток, 6 декември 2018 |

Фјури и Сефери ја прекинаа борбата за да гледаат тепачка на трибината – најбизарна сцена во историјата на боксот

Три години по неверојатната победа против Кличко, контроверзниот Тајсон Фјури се врати во рингот, а изминатава ноќ негово противник во бокс спектаклот кој се одржа во „Манчестер арената“ беше Албанецот Сефер Сефери.

Фјури влезе како апсолутен фаворит во борбата и го оправда тоа со првиот посериозен атак кој го направи, а за истиот чекаше цели три рунди. Британецот како да сакаше да се забавува во првите три рунди, а потоа со првиот посериозен напад го откажа Албанецот кој ја предаде борбата веднаш откако замина кон своето столче. Ова беше прва борба за Фјури после точно 924 дена, а покрај победничкото враќање, истата ќе се памети и по најбизарната сцена некогаш видена во боксот.

Во еден момент, Фјури и Сефери ја прекинаа борбата, а причина за тоа беше тепачка на трибините која беше поинтересна за фановите, па и за двајцата боксери кои се претворија во гледачи од рингот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top