Албанец бил убиен со огнено оружје за време на грабеж на неговиот автомобил во Африка. Настанот се случил во петокот во Мали, држава во Западна Африка. Според француската новинска агенција “АФП”, загинатиот Албанец бил вработен во фирмата “Еколог”, подизведувач на Мисијата на ОН во оваа земја.
Според АФП, за време на обидот за грабеж на автомобилот каде што бил убиен Албанецот, двајца негови колеги, косовски и македонски државјанин биле повредени.
Во обидот за грабеж, се претпоставува дека учествувале четири лица. Настанот е потврден од страна на Мисијата на ОН во Мали.
-Денес во Гао, возилото што ја снабдува со храна Минусма, беше нападнато од вооружени лица. Возачот на возилото беше убиен, додека двајца патници беа повредени и добиваат медицински третман во болницата Минусма во Гао – стои во соопштението на мисијата на ОН на Твитер, од каде воедно силно го осудија овој напад.
Засега нема официјани детали за идентитетот на убиениот Албанец и другите две повредени лица.
Инаку, компанијата, “Еколог” каде што работеше убиениот, има партнерство со ОН и со националните и меѓународните одбранбени агенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.