В недела, 7 јули во летниот клуб Колосеум, за прв пат кај нас, по повод 40 годишнината на хип-хопот низ Европа, концерт ќе одржи KRS-One, aмериканскиот легендарен MC и продуцент, во Скопје доаѓа директно од Њујорк.
Вратите на летниот клуб „Колосеум“ за овој концерт ќе бидат отворени од 20.30 часот, а почетокот е закажан во 21.30 часот. Задолжен за вжештување на атмосферата пред самиот настап на KRS-One, како домашна поддршка ќе присуствува и диџеј Славе.
Во видеото, кое го сними „Пасворд продукција“, дел од локалните и регионални рапери, Џака Накот, Ронин, Жиле Рап Седум, Мац (Hiphop.mk), Небојша и Џоле (Hiphopmacedonia.com), Баже DSC, Домагој (Balkan Hip Hop Radio), De Dash.. зборуваат за KRS-One и што тој претставува за хип-хопот!
Ова ќе биде број еден хипхоп-настан во Македонија за кој промо влезниците од 400 денари ќе бидат достапни до денот на концертот, кога везниците на влезот од клуб „Колосеум“ ќе чинат 500 денари. Билетите се достапни електронски (на следниов линк: http://karti.com.mk/eTickets/default.aspx ) и во продажната мрежа на „МКтикетс“:
*СКОПЈЕ – Југотон, Office plus и Eleven Cafe (Капиштец)
*КУМАНОВО – Агора
*БИТОЛА – Hard Rock
*ОХРИД – ZZ TOP
*КОЧАНИ – Комисион Шишко
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.