| четврток, 6 декември 2018 |

Силно невреме во Скопје, градот под вода (видео)

Силно невреме проследено со обилен дожд го зафати главниот град претпладнево. Улиците се под вода, граѓаните прашуваат кога последен пат е исчистена атмосферската канализација.

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени, максималната од 24 до 32 степена, а УВ зрачењето седум.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, со температура од 18 до 29 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре ќе се задржи променливо облачно и малку посвежо време но оти условите за нестабилност ќе бидат помали, така што ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Потоа, во првите два дена од следната недела, времето ќе биде претежно стабилно и топло.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top