| четврток, 6 декември 2018 |

Правната битка започна – Македонија вечна: Граѓаните поднесоа жалба до ОН за заштита на името „Македонија“

Во седиштето на Обединети нации во Женева, во пресрет на Советот за човекови права, а за време на годишната средба на независни екеспрети и специјални репортери за човековите права на Обединети нации, беше доставена жалбата од Граѓаните на Република Македонија, со над 11.000 потписи, за заштита на името на Република Македонија, како и на нашите културни права, вклучително и јазикот, етничкиот идентитет, националниот идентитет и историјата на Македонскиот народ.

Во оваа жалба учествуваа и придонесоа граѓаните на Република Македонија на волонтерска основа, како и голем број невладини организации во Република Македонија и ширум светот. Изразуваме голема благодарност на сите оние оние кои учестуваа во оваа акција за заштита на нашата татковина и нашите основни човекови права.


Жалбата можете да ја прочитате на овој ЛИНК


„ЗАПОМНЕТЕ ГО 8 ЈУНИ 2018 година!

8 како симбол на вечноста!
ПРАВНАТА БИТКА ЗАПОЧНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!“, информира професорката по уставно право Тања Каракамишева

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top