| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да ме боли, каде и да ме удриш: Наташа Беквалац се огласи првпат по насилството!

Пејачката Наташа Беквалац последните два месеца не се огласуваше во јавноста, откако се дозна дека нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ наводно ја претепал.

Сепак последните неколку дена повторно се активираше на Инстаграм, а сега најави и настап, прв пат по породувањето и немилиот настан.

Наташа објави видео на кое ја пее песната „Најлоша“ која ја објави пред неколку години, а која има многу силен текст:

-Своите стравови под кожа ми ги вовлекуваш, нема да ме боли каде и да ме удриш…Своите порази ми ги  лепиш на образите и сега гледам дека сум иста како тебе…

Најлоша, сега сум ти најлоша, нека секој знае!Најлоша, полоша од сите!Најлоша, а што си ти?- ова е дел од песната кој Наташа го издвоила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top