| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов доби ваучер за такси превоз од меаната „Кај Вицето“

На потсмев наиде кампањата во која учествува Град Скопје, а со која се обезбедуваат ваучери за такси превоз на пијаните гости во дел од кафаните. Утринава пред портите на Град Скопје се најдоа големи ваучери наменети за градоначалникот, Петре Шилегов.

Според ваучерите, Шилегов има 100 денари кои може да ги искористи за превоз од меаната „Кај Вицето“, до градското собрание како крајна дестинација.

Што се однесува до кампањата, кафеаните, а не Градот плаќаат за ваучерите кои ќе може да ги користат гостите во алкохолизирана состојба. Гостите ги добиваат ваучерите со нарачување на такси на онлајн апликација.

Во кампањата „Ги возиме одговорните“ учествуваат Град Скопје, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Авто-мото сојузот на Македонија и 30 ресторани во Скопје. Како што рекоа претходно, целта е да ги мотивираат возачите да не возат пијани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top