Во организација на Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје, во Македонската опера и балет (МОБ) ќе се одржi културен настан “Дружење со пријателите”
Амбасадата на Босна и Херцеговина во Република Македонија, вечерва (петок 8 јуни), со почеток во 19:30 часот во Македонската опера и балет (МОБ) во Скопје организира културна манифестација насловена како “Дружење со пријателите “во организација на Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје.
Амбасадата на Босна и Херцеговина, настанот го организира во рамки на тековните активности на презентацијата на богатото културно босанскохерцеговачко наследство во Република Македонија.
Споменатиот културен настан ќе го отвори амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Лепа Бабиќ.
По обраќањето на сцената на МОБ настапува млада музичка ѕвезда Марко Бошњак, Levante Guitar Duo (Воислав и Александра Ивановиќ) и добро позната музичка група “Divanhana”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.