| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка фрли бебе од прозор и скокна по него – страшен пожар голташе цела зграда (видео)

Во еден стан во градот Андерсон во Јужна Каролина изби голем пожар, поради што мајка била принудена да го фрли своето 11 месечно бебе од прозор. За среќа, сосед инаку поранешен маринец, го фатил бебето.

-Ова можеше лошо да заврши. Благодарни сме што не е така. Многу сме среќни што бебето се извлече без поголеми повреди, изјави пожарникарот Тревис Пур.

Бебето поминало со неколку модрици. Пламенот проголта еден стан, а уште три се оштетени.

Пожарот почнал кога еден од станарите на последниот кат го заборавил ручекот кој го имал ставено да се готви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top