| четврток, 6 декември 2018 |

Повратник од Англија си ги уби таткото и мајката

Во градот Першкопеја во Албанија кој се наоѓа во близина на границата со Македонија, 26 годишно момче кое се вратило од Англија, утрово ги убил своите мајка и татко, пренесуваат албанските медиуми.

Како што пренесува албанската новинска агенција „Балканвеб“, 26 годишниот Ќемал Села кој вчера се вратил во својот дом по седум години престој во Англија, со автомоатско огнено оружје ги убил таткото Фламур (55 ) и мајката Зекимете Села (50 ).

Според истиот извор, по убиството, полицијата го притворила и засега нема официјални информации околу причините за убиството. Медиумите кои се повикуваат на соседите на семејството Села, информираат дека на двојното убиство му претходела жестока расправа меѓу синот и родителите, поради тоа што, додека синот бил во Англија, семејството Села куќата ја претвориле во хотел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top