| четврток, 6 декември 2018 |

Позитивните вибрации на Баскерфест започнуваат од Охрид

Овој викенд ќе започне да патува караванот кој носи среќа- Баскерфест 2018. Првото улично шоу ќе се одржи во Охрид, во петок и сабота ( 08 и 09 јуни).

Во недела на 10-ти јуни, Баскерфест караванот се сели во скопската општина Ѓорче Петров, на 15.06 и 16.06 во Кочани, на 18-ти и 19-ти во Велес, на 20-ти и 21-ви во Штип, на 21 јуни во Македонска Каменица и од 22.06 до 24.06 во општина Центар. Традиционално фестивалот на улични уметници Баскерфест ќе се одржи на градскиот плоштад „Македонија“ од 12-ти до 17-ти јуни.

Посетителите ќе имаат можност да проследат, но и интерактивно да се вклучат во повеќе од 20 точки на артисти од целиот свет. Ќе уживаат со акробатот  Енди Ди од Канада кој изведува акробации со помош на огромен хулахоп, ќе се забавуваат на Мистер Ф од Франција- баскер изведувачот кој ќе ги освои со џиновскиот балон, крвта ќе им се смрзне од точката на Козани и Венди од Аргентина. Со Еспума Брума која оди на јаже ќе имаат адреналиско доживување, од далечната Јапонија ќе долета Хиро-Сан, мајсторот на боречките вештини, а ќе може да го погледнат и Максимо Оптимо кој беше дел од шпанската верзија на „Јас имам талент“, со точката која предизвика бурни реакции- жонглирање со моторни пили.

Ова се само дел од интересните баскер изведувачи кои ќе настапат на Баскерфест 2018, каде што покрај стандардната програма, оваа година посетителите ќе уживаат и во многу други интерактивни и едукативни содржини.

Јуни дефинитивно ќе биде месец на радост, насмевки и позитивни вибрации низ цела Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top