| четврток, 6 декември 2018 |

13-то издание на фестивал со улични изведувачи-Баскерфест 2018

Од 12-17 јуни на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи 13-тото издание на фестивалот со улични изведувачи „Баскерфест“ 2018. Над 30 улични артисти од разни краеви на светот во театарот под отворено небо шест дена ќе ги забавуваат и анимираат жителите на Скопје. Оваа година, на програмата  на најголемото улично шоу ќе има индиски спектакл, циркус, жонглери, акробати, магионичари, музичари, танчери како и едукативни работилници за деца, пулт за едукација и помош за бездомните животни  и уште многу забавни содржини за сите посетители. Фестивалот е поддржан од град Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top