Дванаесетиот „Баскерфест“ почнува вечерва со спектакуларна парада низ центарот на Скопје, информира организаторот.
Фестивалот почнува со парада на сите учесници, кои ќе имаат музичка поддршка од Градскиот дувачки оркестар и девојките од танцовиот клуб „Еурека“.
Парадата ќе започне во 18,30 од градскиот плоштад и ќе се движи по улица „Македонија“. Баскер изведувачите, оркестарот и танчерките на овој начин ќе се обидат да ги поканат скопјани да излезат на улиците и да уживаат во возбудливите точки кои ќе може да ги гледаат секојдневно од 19:00-01:00 во центарот на Скопје, се до 25-ти јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.