| четврток, 6 декември 2018 |

Извршена првата транспалнтација на вагина (ВИДЕО)

Џуслин Марињо е 23 годишна девојка од Бразил која е родена без вагина, матка, јајници и јајцеводи. За неа од самиот почеток се знаело дека никогаш нема да може да биде мајка, бидејќи страдала од синдромот MRKH (Mayer Rokitansky Küster Hause), нарушување кое се случува најчесто кај жените и влијае врз репродуктивниот систем.

Докторите започнале да го проучуваат нејзиниот пролем набрзо кога пораснала, а на 22 години ја направила и првата операција. Хирурзите ѝ го отвориле делот од телото на кој требало да се наоѓа вагината и го обложиле со кожа од риба.

После хируршкиот зафат, Џуслин поминала три недели во болница, а потоа отишла дома воодушевена со резултатите, пренесува Дејли Меил.

Таа е првата жена во светот која подлегнала на ваков вид операција. Со години била несреќна, не само поради фактот дека нема да биде мајка, туку и дека не можела да има сексуални односи со партнерите.

“Беше прекрасен момент, бидејќи сè функционираше совршено. Не болеше многу, тоа за мене беше уживање и задоволство. Се чувствувам нормално, како “таа” секогаш да била на тоа место”, раскажала Бразилката за Дејли Меил како и дека го имала првото сексуално искуство со своето момче Маркус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top