| четврток, 6 декември 2018 |

Тошта вратен во Шутка со брза помош (ВИДЕО)

Александар Јаневски-Тошта со возило на брза помош беше вратен во затворот во Шутка.

Тошта, откако му се слоши на денешното рочиште, беше однесен во болницата „8-ми Септември“ каде што заврши на реанимација, откако неколкупати ја губел свеста.
Тој заедно со уште седуммина е обвинет за убиство во обид на пратеникот Зијадин Села и за него нема преквалификација на делото.

Тој откако денеска слушна дека останува обвинет за убиство во обид, на судот му порача дека му местат убиство.

На денешното рочиште ЈО се откажа од обвинението за Сашо Сенков, додека, пак, Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски го преквалификуваа од убиство во обид во насилство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top