Попладнево скопскиот регион како и јужниот дел од Повардарието ги зафати влажна и нестабилна воздушна маса која условува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилеб ветер, анализира „Метеомакс“.
Оваа нестабилност ќе се движи кон источните предели на државава, па така оваа вечер токму таму ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално можни се поинтензивни атмосферски процеси проследени со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, смета Славчо Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.