| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно: Меланија Трамп повторно во јавност после повеќе од три недели! (видео)

Првата дама на Америка, Меланија Трамп која 24 дена не се појавуваше во јавност, присуствуваше вчера на собирот во Белата куќа приредена во чест на војните семејства, со што ги отстрани шпекулациите дека е оневозможена или дека на некој начин е исчезната.

Белата куќа не дозволи на новинарите да известуваат за собирот под име Златна ѕвезда од почит кон војните семејства, што значи дека Меланија  со свои очи ја видоа само 40 тина членови на семејствата и официјалните лица на американската администрација, додека другите чекаа да ја видат на социјалните мрежи, пренесува АП.

На фотографиите и снимките објавени на Твитер, се гледа првата дама во црн фустан без ракави и на високи потпетици како влегува во Источниот салон во друштво на сопругот, претседателот на САД, Доналд Трамп.

-Изгледаше прекрасно-рекла пензионираната подофицерка од права класа, Дајана Пајк.

Како што навела, Трамп се пошегувал во врска со шпекулациите дека сопругата наводно го оставила, па додал дека таа е добро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top