„Стаса одговорот од самоповиканите сдсмовски куртони – Пак резил за СДСМ!“, го почнува Бранко Героски својот фејсбук статус посветен на новинари блиски до СДСМ кои ги полнат социјалните мрежи со монструозни коментари за бременоста на Јанкулоска, а како што пишува Героски, истите за тоа се платени од страна на високи функционери на СДСМ.
„Инаку тие се координирани од високи функционери од СДСМ и од луѓе блиски до врвот на партијата. Од нив се платени. Дебело. Одговорот е според очекувањата. Пак навреди, дијагнози за некакви психички заболувања… За мене и за Милчин“, пишува Героски во својот фејсбук пост.
Овој став на Героски уследи по организираниот напад врз него од страна на дел од перјаниците блиски лично до Зоран Заев, како Саше Ивановски – Политико.
Героски го навлече гневот на СДСМ и нивните перјаници, откако во својата колумна „Око за око, бебе за бебе – Тоа правда ли е?!“ напиша дека Гордана Јанкулоска треба да ги ужива човековите права како и секоја друг човек и дека ја смета хајката против неа за неоснована и нешто што е одлика на одмаздништво, што, како што пишува Героски, е монструозно.
Дел од коментарите кои се насочени кон Јанкулоска како дел од хајката против неа од страна на приврзаници на власта се: „Абе нека го роди детето во затвор, таа тоа и го заслужува…“ „Mонструмите заслужуваат тројно посурови и подолготрајни казни“ и многу други коментари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)