| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе гради два автопата со кинески пари

avtopat

Македонија ќе гради два нови автопата со заем од Kина. Изградбата ќе се финансира од фондот од 10 милијарди долари, кој кинеската влада го намени за вложување во земјите од Југоисточна Европа, пишува „Дневник“ повикувајќи се на владини извори.

Весникот тврди дека прашањето се актуализирало за време на сегашната посета на владината делегација на Пекинг.

Пред неколку месеци беше најавено дека со пари од кинеската ЕКСИМ банка ќе се градат два автопата во земјава и тоа делницата Штип- Миладиновци и Кичево – Охрид – Свети Наум.

Договорот со кој се создава правна рамка за кинеската ЕКСИМ банка да може да аплицира за овие проекти беше потпишан во ноември минатата година.

Освен Македонија и другите земји од регионот се заинтересирани за користење на дел од парите кои кинеската влада ги намени за финансирање проекти во Југоисточна Европа. Во Србија со кинески кредит се гради дел од Коридорот 11.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top