| четврток, 6 декември 2018 |

И тој ќе биде на погребот: Најстариот син на Синан Сакиќ пуштен е од затвор!

Најстариот син на Синан Сакиќ, Рашид Сакиќ, пуштен е од затвор!Како што дознаваат српските медиуми тој кон средината на април ја издржал 12 годишната затворска казна во Падинска скела, на која бил осуден поради убиство.

Иако тие двајцата со години не се гледале, наследникот на пејачот многу го потресла смртта на татко му, па се очекува и тој денеска да присуствува на неговиот погреб. Наследникот на Синан искрено се покајал за сите грешки кои ги направил во животот, а посебно за стресот и проблемите  кои му ги нанел на некогашниот крал на Јужен ветар.

-Сакиќ со годни го гризе совест. Свесен е дека и тој е виновен што на татко му му задавал главоболки кога се занимавал со матни работи, а и подоцна кога е уапсен. Синан не го одобрувал тоа и јавно го обвинувал и сметал дека треба да одговара за направените грешки, иако душата го болеше- вели извор близок на семејството и додава дека тие биле во коректни односи по изглеувањето на Рашид од затвор.

-Првата средба беше емотивна и сресна, помина во прегратки и извинувања. На Рашид едиствена утеха му беше што успеа да се смири со татко му пред неговата смрт- додал соговорникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top