| четврток, 6 декември 2018 |

Учителски плати на час- од 2 евра во Романија, до 85 евра во Луксембург

pari siromastijaСиндикатите на просветните работници во Романија бара Владата да усвои закон за платите во тој сектор. Тие пресметале дека романски учител просечно зема месечна плата колку што е платен учителот во Луксембург за четири часа. Романските наставници во средно училиште за час земаат 9,3 леи (две евра), додека во Луксембург 85 евра за час.

Наставниците во Луксембург се најплатени меѓу колегите во европските држави. Потоа следат наставниците во Данска со 57 евра, Германија со 54 евра, Англија – 48 евра, Белгија – 45 евра, Ирска – 44 евра, Холандија – 42 евра, Шкотска и Финска – 41 евро за час.

Повисоки плати од романските учители земаат и нивните колеги во Австрија – 39 евра, Норвешка – 36 евра, Грција – 35,3 евра, Шпанија – 34,7 евра, Словенија – 34,5 евра, Полска – 25 евра, Чешка – 17 евра и Унгарија – 16 евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top