| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов со коментар кој не доликува на градоначалник

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по синоќешните митинг на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи се пофали дека градските служби го исчистиле сметот од местото каде што се одржуваше митингот.

Тој на Фејсбук напиша: „Го исчистивме ѓубрето. Како и секогаш…“

Ваков коментар не доликува на еден градоначалник. Шилегов очигледно заборавил каков смет остави зад себе тој и неговите сопартијаци и поддржувачи кога пред три години летото кампуваа пред Владата. Кога по еден месец кампувачите си заминаа, никој од Град Скопје не напиша дека тие го отстраниле ѓубето „како и секогаш“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top