Бекот на Манчестер сити, Александар Коларов, се договорил со Јувентус и веројатно ќе игра за „старата дама“ од Торино ако се согласи и англискиот тим. Спорен е начинот на исплата на парите за трансферот на Коларов од Премиер-лигата во Серија А. Јувентус нуди 1,5 милион евра веднаш и дополнителни 5,5 милиони на крајот на сезоната кога и би го откупил договорот на Коларов со Сити, а Англичаните бараат веднаш уплата на 7 милиони евра.
Коларов притиска за компромис, а според најавите на медиумите од Италија, Јуве и Сити се блиску до договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


