Фармер од Нов Зеланд е казнет со парична казна од 9000 долари заради тоа што ги пуштил кучињата да ги јадат свињите.
Фармерот на својот имот го извел ова дејствие, го снимил со камера и го ставил на интернет, по што судот поднесол тужба против него.
За прв пат во историјата на оваа земја се поднесува ваква тужба. Имено, лицето се товари за изведување на насилство врз домашните животи и за нечовечно убивање на свињи. Како казна обвинителството побарало обвинетиот да биде казнет со казна затвор и плус со парична казна, но тој како за среќа добил само парична казна од 9000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.