| четврток, 6 декември 2018 |

Судар на три возила кај кривопаланечка Конопница

Педесетгодишен маж е повреден во сообраќајна несреќа помеѓу три возила што се случила денеска претпладне во 10:50 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај местото викано Тополки во село Конопница.

– Повреденото лице со контузии на граден кош и фрактура на колено е префрлено во ГОБ „8- Ми Септември“ во Скопје, информираа од Здравствениот дом во Крива Паланка.

Поради незгодата сообраќајот на делницата Куманово-Крива Паланка-граничен премин Деве Баир привремено бил во прекин и сега се одвива нормално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top