tМногу граѓани, интелектуалци, луѓе во и надвор од политиката повикуваат на социјалните мрежи сите Македонци да се приклучат на вечерашниот протест пред Владата на Република Македонија во 20 часот, што го организира ВМРО-ДПМНЕ.
Да тргнеме во битка и да ја поразиме оваа ненародна влада, повикуваат тие.
„Реформите каскаат, додека власта ги враќа изборните долгови на штета на државата и граѓаните. Република Македонија оди во непосакуван правец. Остатоците од транзицијата со последни сили сакаат да ја остават државата во мрачниот период на минатиот век. Картелот сака да ја одржи ситуацијата на заробена држава и нефункционални институции, кои ги креираа за да ги штитат од санкцијата до која неминовно мора да дојде. ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите обесправени, сите оние разочарани и излажани од Зоран Заев и криминалниот картел кој го води на голем антивладин собир на 02 јуни во 20 часот пред зградата на владата на Република Македонија. Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, што е и целта на овој протест.
Пренесуваме дел од повиците на социлјаните мрежи
Средба со следбениците во 20 часот пред Влада закажа и аналитичарот Александар Пандов.
Ако знаете какво е чувството на дедовците кога на своите внуци им раскажуваат за нивната борба за Македонија, застанете од правата страна на историјата, повика Никола Србов.
Габаритот на предавствата е во правопропорционален однос со моќта. Помоќен од тебе нема. Помоќен од НАРОД нема, порача Ламбе Арнаудов и повика на протест.
Непоправливите штети кои ѝ ги направи Заев на Македонија, нека бидат причината да го исвиркате, повика пратеникот Антонио Милошоски на социјалните мрежи.
Шефот на Кабинетот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински го повтори мотото на овој собир – Да кажеме НЕ за продажба на националните и државните интереси и целиот овој хаос кој што го прави СДСМ!
На 2 јуни да излеземе масовно на протест пред Владата и да го започнеме нејзиниот крај. Нејзиниот крај ќе биде нов почеток за Македонија, повика професорката Тања Каракамишева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)