| четврток, 6 декември 2018 |

Македа ги расплака фановите со последното видео: Никогаш нема да ве заборавам! (видео)

Шпанскиот интернационалец, Хорхе Македа на социјалните мрежи емотивно се збогуваше со Скопје, Вардар и сите прекрасни луѓе во и околу клубот. На својот твитер профил Македа напиша:

– По 3 годинини време е да се збогувам со клубот и градот каде што пристигнав со јасна цел. Благодарение на работата и напорите на сите, успеавме да ја оствариме. Никогаш нема да го заборавам тоа. Благодарност до сите навивачи, соиграчи и тренерскиот кадар што успеаа да ме направат подобра личност и подобар играч -напиша Македа.

Во продолжение Шпанецот го постираше и ова емотивно видео со кое и дефинитивно им кажа збогум и благодарам на Вардар, Скопје и Македонија за прекрасните три сезони поминати во „црвено-црниот” дрес.

извор: 24Ракомет

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top