Велосипедист во Лондон за малку ќе го заколел возачот на автомобилот поради расправија во сообраќај.
Инцидентот се случил во средата, на 30. мај, на Лондон Роуд во населбата Кројдон, а снимен бил со камера од друг автомобил. Кога автомобилот, излегувајќи од паркинг местото, излетал пред велосипедистот и за малку го удрил, велосипедистот морал да скокне од својот велосипед.
Но, тогаш почнува лудиот дел од снимката. Велосипедистот станал и се залетал кон автомобилот кој во меѓувреме застанал, веројатно бидејќи друг автомобил му го попречил патот. Велосипедистот тогаш од јакната извлекол голем „зомби нож”, пишува британски „Ел-би-си“ на својата страница.
Бидејќи вратите од автомобилот биле заклучени, велосипедистот почнал да удира по прозорците, обидувајќи се да ги скрши за да може да влезе во автомобилот преку совозачкото место. Возачот ја искористил среќната околност што се наоѓал на спротивната страна од автомобилот, ја отворил вратата на возачката страна и почнал да бега. Автомобилот го оставил на среде улица.
Велосипедистот се откажал од своите убиствени мисли, се свртел, седнал на својот велосипед, како ништо да не се случило.
Лондонската полиција соопштила дека не уапсила никој поврзан со овој инцидент, но ги повикува очевидците да се јават.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)