Картицата „Скопска“ на ЈСП-Скопје од денеска ќе може да се дополнува на уште 45 продажни места, пред сѐ, на најфрекфентните места во градот.
Од Јавното сообраќајно претпријатие соопштија дека освен во 32-те билетарници на претпријатието, оспособени се нови 45 апарати од Интегрираниот тарифен систем во секундарната продажна мрежа, а планирано е до среда во функција да бидат ставени уште 15 апарати.
ЈСП информира дека е објавен јавен повик до сите заинтересирани продавници за соработка, но на колку места ќе може да се надополнува „Скопска“ ќе зависи од интересот на субјектите до кои има јавен повик за соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Си нашла платежна картичка и со неа си плаќала сметки за струја
-
Нови локации: Ова се местата каде може да купите картички за автобусите на ЈСП
-
Банка по грешка му уплатила 30.000 долари на тинејџер, ги потрошил сите за десет дена
-
Виза кредитни картички до 6.9 отсто годишна каматна стапка до крајот на годината