| четврток, 6 декември 2018 |

Банка по грешка му уплатила 30.000 долари на тинејџер, ги потрошил сите за десет дена

Службеник во банка во Џорџија по грешка му уплатил 31.000 долари на сметката на 18-годишен тинејџер. Клиентот на „First Citizens Bank“ се обидел да ги уплати парите на своја сметка, но по грешка на службеникот парите отишле на сметка на тинејџерот кој имал исто име и презиме како првиот клиент.

Во еден момент тинејџерот го проверил салдото и видел дека таму има голема сума пари и решил да оди во шопинг. Во текот на десет дена подигнал 20.000 долари во кеш и уште 5.000 долари потрошил со картичката.

Кога на 15 март се обидел да подигне пари од сметката, службеничката му рекла дека дошло до грешка и дека ќе мора да ги врати потрошените пари. Тој одбил, тврдејќи дека станува збор за наследство од неговата баба. Заменикот на шерифот дошол во неговиот дом неколку дена подоцна за да му ја објасни ситуацијата и последиците доколку не ги врати парите. Момчето рекло дека ќе оди во банка и ќе го реши проблемот, за да не оди во затвор, но никогаш не се појавил таму. Банката најавила дека ќе го тужи за кражба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top