| четврток, 6 декември 2018 |

Виза кредитни картички до 6.9 отсто годишна каматна стапка до крајот на годината

visa-kreditni-karticki-so-6-9-procenti-godisna-kamatna-stapka-do-krajot-na-godinata

Стопанска банка АД – Скопје, како Банка со најголемо картично портфолио на пазарот и најголем издавач на Виза картички во државата, повторно изработи неодолива понуда за нови Виза кредитни картички.

Имено, сите нови издадени Виза кредитни картички (Виза Стар, Виза Веро, Виза Голд)во промотивниот период од 18.03.2014 до 31.05.2014 ќе добијат годишна каматна стапка од само 6,9 отсто за сите купувања до крајот на 2014 година. Виза кредитните картички Банката ги издава со кредитен лимит во висина до 5 месечни плати, а сите картички се издаваат со можност за купување на рати без камата кај повеќе од 1.000 продажни места во државата и грејс период од 45 дена (50 дена кај Виза Голд).

По истекот на промотивниот период ќе се применува редовна променлива каматна стапка која во моментов изнесува од 10.13 отсто до 11,25 отсто годишно, зависно од категоријата на клиентот. Се разбира, најдобри каматни стапки и услови за користење имаат клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка.

Со оваа најнова промоција, Банката, на задоволство на своите клиенти, на пазарот е активна со комплетното кредитно портфолио за население – кредитни картички, потрошувачки и станбени кредити

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top