| четврток, 6 декември 2018 |

Таксист настрадал за 200 евра во Ќерамидница

Таксист бил нападнат со нож вчера околу 13.30 часот во населбата Ќерамидница од лице кое се качило како патник. Несреќниот И.В .(42) под закана со нож морал да му ги даде на разбојникот сите пари што ги имал од прометот, околу 12 илјади денари. Разбојникот избегал, а И.В. го пријавил случајот во полиција.

Полицијата трага по сторителот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top