Од Алијанса за Албанците ќе го бараат местото во ДИК, резервирано за втората најголема опозициска партија. Сметаат дека, по влезот на БЕСА во владата, логично е токму тие да добијат позиција во Државната изборна комисија.
Но, БЕСА не влезе цела во владата. Крилото на Биљал Касами остана во опозиција, а додека не заврши судскиот процес во кој се тужат со Африм Гаши и неговите приврзаници, правото на името, логото и печатите на партијата, го имаат тие.
За нив нема никаква врска тоа што во опозиција остануваат само двајца пратеници, откако останатите тројца решија да се приклучат кон владејачкото мнозинство. Се повикуваат на две слични ситуации од минатото, како таа од 2004-та година, кога ВМРО Народна се отцепи и повлече со себе 15 пратеници, оставајќи ги ВМРО-ДПМНЕ со десет пратенички места. Сепак, позицијата во ДИК остана на ВМРО-ДПМНЕ. Иста ситуација имаше и во 2009-та година, кога Имер Селмани излезе од ДПА, за да ја формира Нова демократија, повлекувајќи 6 пратеници. ДПА остана со 5 пратенички места, но и тие ја задржаа позицијата во ДИК.
извор: телма.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Касами го потсетува Заев: Доби гласови од Албанците, сега одговори на нивните барања
-
Движење БЕСА на Билал Касами: Понудата на Заев за простување, ги девалвира евро-атлантските вредности
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против