| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје основаше ново претпријатие за енергетика

На денешната седница Советот на Град Скопје основа ново акционерско друштво кое ќе се занимава со енергетски дејности. Со оваа Одлука Градот Скопје ја утврдува потребата од основање на акционерско друштво за вршење на овие дејности за подрачјето на Град Скопје за снабдување со природен гас и топлинска енергија, како дејности од јавен интерес од локално значење. Одлуката беше едногласно донесена од Советот на Град Скопје.

Со цел брзо и ефикасно приклучување на системот на централно греење и започнување на процесот на гасификација на градот, граѓаните на Скопје во претстојната грејна сезона ќе можат да почнат да ги користат услугите на новото претпријатие за вршење на енергетски дејности.

Друштвото заради вршење на дејностите за снабдување со природен гас и топлинска енергија ќе основа едно или повеќе трговски друштва на начин и во форма потребна за вршењето на дејностите во согласност со Закон.

Управувањето на Друштвото се организира според двостепениот систем на управување, преку управен и надзорен одбор. Работите од надлежност на Собранието на Друштвото ќе ги врши Советот на Град Скопје, како единствен основач.

 

извор: fokus.mk

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top