| четврток, 6 декември 2018 |

Меморандум за соработка во енергетиката меѓу Македонија и Албанија

energetika dalnovodiMеморандум за соработка во областа на енергетиката денеска во Струга ќе потпишат министерот за економија на Република Македонија, Беким Незири и министерот за енергетика и индустрија на Република Албанија, Дамиан Ѓикнури.

Согласно меморандумот приоритетни области за соработка се секторот за електрична енергија, јаглен, природен гас, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, сигурност во снабдувањето со енергија, како и подготовка на инфраструктурни проекти за интерконективно поврзување и други проектни иницијативи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top