Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати во Македонија. Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот за 1,5 денари. Од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде поевтин за половина денар и ќе се точи за 71 денар по литар, а за исто толку поевтинува и ЕУРОСУПЕР БС-98 кој ќе се продава за 73 денари по литар. Дизелот поевтинува за еден и пол денар и од полноќ на бензинските пумпи во Македонија ќе можете да наточите еден литар за 55 денари. За 1,5 денари поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по 43,5 денари за литар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.