На отворено, под ведро небо, во дворот на Влада на РМ, крај Споменикот на ослободителите од НОБ, премиерот Зоран Заев, одржа прес конференција по повод една година од доаѓањето на власт. Тој најави самоуверено дека Република Македонија ќе стане 30 членка на НАТО, откако наскоро ќе биде решен повеќедеценискиот спор за името со соседна Грција.
-,Нема уште договорено конкретно, име, се работи на правно-формалниот дел на Договорот. Очекувам наскоро средба со Ципрас, рече Заев, но не одговори на новинарско прашање дали Северна Македонија е новото име за нашата земја.
-Целиот Балкан има заедничка историја, цела Европа има заедничка историја. Не е точно дека се откажуваме од македонското малцинство во Бугарија, одговори Заев на новинарско прашање за изјавата на бугарскиот историчар Ангел Димитров кој во интервју го кажа токму спротивното.
-Не е ново дека Франција и Холандија имаат резерви за проширување на ЕУ. Затоа имав состанок во Софија со нивните политички лидери. Да им ги објсанам уште еднаш сомнежите од ,,нон пејперот“-рече Заев.
Мора да чекориме храбро и да носиме лидерски одлуки, затоа нема да има аргументи никој да не остави уште во чекалната-рече Заев, кој одговара и на новинарски прашање на отворена и јавна сцена.
извор: ako.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.